Најпозната фудбалска двојка, Алиша Леман и Даглас Луиз ја прекинаа врската по една година забавување и тоа поради љубомора. Фудбалерот и фудбалерката на Астон вила, долго време ја криеја врската, дури пред неколку месеци признаа дека се заедно, но сега одлучија да се разделат.
https://www.instagram.com/p/CYMQShWLyBS/?utm_source=ig_web_copy_link
Според англиските медиуми, Алиша која ја сметаат за најубава фудбалерка на светот, одлучила да стави крај на романсата поради љубомората на Луиз, односно неговите замерки на провокативните фотографии кои фудбалерката ги објавува на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/CboAyC9AUGw/?utm_source=ig_web_copy_link
Врската пукна откако Алиша се фотографила за календар за идната година, а Луиз да тоа дознал откако таа дел од фотографиите објавила на социјалните мрежи.
Откако ја прекина врската, 23-годишната Леман отпатува на одмор во Мајами и на воодушевување на нејзините следбеници, кои ги има повеќе од 10 милиони на социјалните мрежи, редовно објавуваше фотографии како се забавува на плажа.
https://www.instagram.com/p/CWD3gsyAsh3/?utm_source=ig_web_copy_link