Најубавата фудбалерка на светот му раскина на Даглас Луиз

Најубавата фудбалерка на светот, Алиша Леман, ја прекина врската со Даглас Луиз, со што нивната љубовна приказна дефинитивно заврши, пишуваат медиумите во Италија.

Двајцата пристигнаа во Торино од Астон Вила заедно, со цел да не бидат разделени, но сега одлучиле да тргнат по различни патишта.

Како што објави „Газета дело Спорт“, до раскинот дошло бидејќи Бразилецот сакал да го напушти Торино на крајот од сезоната и да прејде во нов клуб, додека Алиша не сака да замине од Јувентус и сака да остане во Торино.

Со женскиот тим на Јувентус таа ја освои титулата шампион на Италија, но Даглас Луиз не присуствуваше на тој натпревар.

Претходно, Бразилецот изразил незадоволство од својата минутажа во торинскиот гигант и барал поголема улога, што очигледно не било дел од плановите на стручниот штаб на Јувентус. Неговиот договор со Јувентус истекува во летото 2029 година, а за него интерес веќе покажал Нотингем Форест.

Алиша Леман и Даглас Луиз се заедно од 2021 година, но кратко ја прекинаа врската во 2023 година, кога Алиша беше во врска со репрезентативната соиграчка Рамона Бахман.

„Би рекла дека бисексуалноста е нормална за нас во женскиот фудбал. Сите не прифаќаат такви какви што сме. Во светот, повеќето луѓе велат дека прифаќаат сѐ, а потоа зад грб велат: ‘Бог да чува’. Мојата генерација порасна со вредности во кои секој е прифатен. Можеби повозрасните генерации имаат проблем со тоа, но мислам дека за 20 години тоа нема да биде проблем“, изјави тогаш Алиша Леман.

Двојката ја обнови врската минатата година, но сега повторно се разделија.

- Оглас -

Најнови вести