34.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Најубавата фудбалерка во светот ќе го напушти Јувентус

Најубавата фудбалерка во светот, Алиша Леман, е на чекор до трансфер во тимот на Комо. Таа постигнала устен договор со новиот клуб и ќе го напушти Јувентус само по една сезона.

Леман ја започна својата кариера во швајцарскиот Јанг бојс пред да премине во англискиот Вест хем во Премиер лигата. Одличните настапи во дресот на Чеканите ѝ донесоа трансфер во Астон вила, каде што го запозна своето поранешно момче, Даглас Луис. По три сезони во Вила, минатата сезона таа заедно со Даглас Луис се пресели во Јувентус.

Во сезоната 2024/25, Алиша Леман одигра 16 натпревари за Јуве, постигнувајќи два гола и асистирајќи уште за еден, придонесувајќи за освојувањето на двојната круна – титулата во Серија А и Купот на Италија.

Даглас Луис, нејзиниот поранешен партнер, исто така е пред заминување од Јувентус по разочарувачката сезона. Нотингам форест и Евертон покажуваат сериозен интерес за Бразилецот, кој влезе во конфликт со раководството на клубот откако не се појави на почетокот од претсезонските подготовки.

- Оглас -

Најнови вести