Најубавата спортска новинарка во Италија се посрамоти и доби лекција од Хандановиќ (Видео)
Дилета Леота беше во центарот на вниманието со својата убавина, но направи и еден гаф.

Голманот на словенечката репрезентација Самир Хандановиќ синоќа беше избран за најдобар чувар на мрежата во Серија А за минатата сезона. Хандановиќ беше на гала-свеченоста во Милано, кога атрактивната водителка Дилета Леота го повика на сцената и се обиде да го најави Хандановиќ.
„Како се чувствувате со оглед на тоа што првпат сте на подиумот?“, Леота го праша Хандановиќ, а потоа доби лекција од чуварот на мрежата на Интер.
„Ова ми е третпат да сум тука. Гледам дека не сте добро информирани. Не е важно, ви се извинувам“, возврати Хандановиќ, а убавата водителка остана збунета.
Handanovic told Diletta u better come correct! pic.twitter.com/ahLCrG1nuZ
— safija (@_skinniar) December 2, 2019