38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Најубаво е да се погоди тикет кога „нема ништо за играње“

1135 Сент Џонстон – Данди јунајтед (20:45 ч.)

Двата тима се во серија од пет меча без пораз, а во Лига купот се во трка за освојување на едно од првите две места. Данди е тимот кој повеќе треба да ризикува и да оди на победа затоа што веќе има еден кикс во Купот, додека Сент Џонстон е со две победи од две средби.

Во Sport Life овој меч го има и во Квоти на денот, па вреди да се одигра дека во двете полувремиња ќе има барем по еден погодок.

Предлог тип: 1+I и 1+II (1.95) – Квота на денот

 

4671 Оренсе – Депортиво Куенка (18:15)

Дуел на две прилично израмнети екипи кои немаат некое ривалство зад себе бидејќи играле само еднаш, и тоа пред три месеци, кога било 2:2.

Одбраната е послаб дел на двата тима, па тоа може да биде како најава дека повторно може да очекуваме меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.67)

 

4673 Текнико Универзитатет – Ел Насионал (20:30 ч.)

Домаќините влегоа во мини серија од две победи и добија поголема самодоверба. Ел Насионал во последните три гостувања нема дадено ниту еден гол и делува како посакуван ривал во моментов.

Тоа што е карактеристично од меѓусебните дуели е дека на последните пет средби секогаш победувал гостинот, па очекуваме дека е време оваа традиција да биде прекината.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.80)

 

1050 Борехем Вуд – Дагенхем Ред (20 ч.)

Традицијата е на страната на домаќините затоа што нема пораз на последните шест меча со овој ривал (четири победи и две нерешени). И според сегашната ситуација, Борехем Вуд е многу поблиску до победата, посебно ако се знае дека Дагенхем Ред ги загуби сите три дуели одиграни на гостински терен сезонава.

Предлог тип: 1-1 (2.75)

 

1051 Халифакс – Велдстоун (20:45 ч.)

Интересно е што ова е пресметка на екипата на која паѓаат најмногу голови (Велдстоун гол-разлика 15:15) и тимот на чии мечеви дури во просек има по еден гол (Халифакс гол-разлика 4:3).

Халифакс нареди три нерешени, а гостите се во серија од четири победи по ред и сигурно отворено ќе атакуваат на нов триумф, па може да видиме отворена игра на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести