Најубедлива победа во историјата на Торонто репторс, го срушија и НБА-рекордот (Видео)

Екипата на Торонто репторс одигра меч за историја откако на свој терен со неверојатни 139:87 го победи Орландо меџик. Победата од 52 разлика е најголема за Торонто во клупската историја. Освен овој рекорд, Торонто постави и еден НБА-рекорд, а тоа е неверојатната низа која ја има од 31:0. Откако од сезоната 1997/98 се води детална статистика, никогаш претходно немало некој тим да постигне 31 поен по ред без да прими ниту еден.

Во првата четвртина Орландо водеше со 20:14, а потоа се случи моментот за историја, односно серијата од 31:0 за Торонто, па домаќините поведоа со 45:20. На полувреме Торонто водеше со 70:43, а домаќините во ист ритам продолжија и во вториот дел. Разликата постојано се зголемуваше, а во еден момент од последната четвртина Торонто водеше дури со 56 поени предност (126:70).

На крајот и победата од 52 разлика е историска за Торонто, но и за Орландо, кој го претрпе најтешкиот пораз во клупската историја. Претходно Орландо најмногу имаше загубено со 47 разлика, и тоа на 10 април 2017 година од Чикаго.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Бруклин – Сакраменто 116:99, Шарлот – Бостон 99:114, Портланд – Вашингтон 123:88, Њу Орлеанс – Хјустон 102:134, Оклахома Њујорк 111:100, Денвер – Голден стејт 116:93.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести