11.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Најуспешниот прогнозер доби ваучер

Во 18-тото коло на Спортската прогноза најуспешен беше Наум М. со 11 погодени пара од основата понуда и тоа му донесе подарок ваучер од Sport Life во вредност од 500 денари.

Наум ги утна исходите само на средбите Алавес – Хетафе и Брајтон – Кристал палас. На овие два меча тој типувал победа на домашните екипи, а резултатите беа 0-1, односно 0-2. Имаше уште петмина прогнозери кои погодија по 10 пара и беа само на еден мал чекор од добивањето ваучер.

По 18 кола, во генералниот пласман води Благојчо А. со 133 поени, пред Лаура Т. и Трајчо Ј. кои имаат по 126. На крајот на сезоната победникот во генералниот пласман ќе добие телевизор „самсунг“ од 55 инчи, а тие што ќе се најдат од второто до петтото место ќе добијат многу СЛ маркет поени.

Паровите за новото 19-то коло ќе бидат објавени утре, во стандардниот термин од 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести