Кристал Палас го победи Манчестер сити со 1-0 во финалето на ФА купот, со што е испишана историја, клубот од јужен Лондон стана 45-тиот освојувач на овој трофеј кој се доделува над 150 години, уште од далечната 1871 година.
Со оваа победа, најзначајна во историјата на Палас, клубот за првпат обезбеди излез во Европа, и следната сезона ќе биде учесник во Лига Европа.
Голот за победа го постигна Езе, а јунак на Палас е и голманот Хендерсон кој му одбрани пенал на Мармуш.
Хендерсон имаше и среќа што не беше исклучен кога играше со рака надвор од 16-никот, ситуација за која во Сити сигурно многу ќе се жалат, веројатно и со право. За Граѓаните последен пат играше Кевин Де Бројне и комплетирана е очајната сезона која немаше да им биде позитивна дури и ако го освоеја ФА купот.
Ова е победничкиот гол:
CRYSTAL PALACE STRIKE FIRST IN THE FINAL 😲
Who else but @EbereEze10!? 🤩#EmiratesFACup pic.twitter.com/CQGR9cUFPl
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) May 17, 2025