Тренерот на Вардар, Парондо вели дека македонскиот првак одиграл добри 60 минути и е задоволен од триумфот.
„Многу сме среќни за победата. Знаевме дека ќе биде многу тешко. Брест е многу добар тим, играат добро во одбраната, имаат добри играчи во нападот. Мислам дека игравме добро во двете полувремиња. Во првото полувреме нивниот голман беше фантастичен, инаку имавме добри напади. Потоа во вториот дел нашиот голман се разбрани и успеавме да ја направиме таа разлика“, рече Парондо.
Среќен беше и Даниел Шишкарев, кој потенцираше дека најважно е Вардар што повторно победува.
„Освоивме два бода во тежок меч. Имавме репрезентативни обврски, а кога се вративме имавме само четири тренизи. Екипата на Брест покажа дека секоја година е се посилна. Затоа сум среќен што стигнавме до победата. Тоа е многу важно, бидејќи се вративме во ритамот од претходно“, рече Даниел Шишкарев.