11.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

„Највисок“ трансфер во српскиот фудбал, кошаркарот Радуљица потпиша за Железничар!

Поранешниот српски кошаркарски репрезентативец, Мирослав Радуљица, потпиша шокантен договор со фудбалскиот клуб Железничар од Инѓија.

Договорот е со важност до крајот на сезоната. Прославениот кошаркар е роден во Инѓија и се очекува да биде засилување за нападот. Поради неговата висина, особено треба да биде опасен по прекини и нафрлени топки.

Ќе носи дрес со бројот 21, а Железничар е клуб кој се натпреварува во Српска лига Војводина, која е трети ранг по квалитет во Србија.

Во својата богата кошаркарска кариера, Радуљица играше, меѓу другите клубови, за Партизан, Црвена Звезда, Анадолу Ефес, Алба, Панатинаикос и Олимпија Милан, додека во НБА играше за Минесота и Милвоки.

Играјќи за Србија, освои сребрени медал на Олимписките игри во 2016, како и на Светското првенство 2014 и Европското првенство 2009.

Според договорот меѓу клубот и некогашниот кошаркар кој играше и во НБА лигата, целата плата на Радуљица според договорот ќе биде донирана на хуманитарната организација „Срби за Србите“.

- Оглас -

Најнови вести