9.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Највозрасниот фан на Наполи уште во ноември го подготвил своето „фиќо“ за прослава на титулата (Фото)

Еден од најстарите навивачи на Наполи, 84-годишниот Антонио Навара, ги воодушеви фановите со своето возило, „фиат 500“, популарно „фиќо“, кое го има обоено во боите на клубот Наполи и само чека да биде освоена третата титула во Серија А, па да биде главен на прославата.

Дедо Антонио вели дека уште во првите денови од ноември го „ребрендирал“ возилото и дека уште тогаш верувал дека Наполи ќе го освои Скудетото, а најавува дека титулата со пријателите ќе ја слави седум дена.

Антонио се сеќава на претходната титула која беше освоена дури пред 33 години и со нетрпение чека Наполи и официјално повторно да стане шампион на Италија. Антонио рече и дека омилен играч му е напаѓачот Виктор Осимен, а сонува и за титула во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести