Најзаслужениот црвен картон во историјата на Бундеслигата (Видео)

Хофенхајм со 2:1 го победи Волфсбрг во германското првенство, а освен трите гола, во центарот на вниманието беше потегот на гостинскиот голман. Се играше последната четврта минута од судиското надополнување, а Волфсбург тргна со сите сили во напад за да стигне до 2:2.

Во напад тргна и гостинскиот голман, што се отвори шанса за контра напад на Хофенхајм. Топката дојде до Мунар Дабур, кој тргна во напад кон празната мрежа на Волфсбург. Тогаш од позади, со „летечки клизачи“ стартуваше Пауло Отавио и не му дозволи на противникот по трет пат да се израдува.

Веднаш по стартот, гостинскиот играч знаеше дека заработи црвен картон и си излезе од терен, додека противничките фудбалери негодуваа за тоа како бесмислено можеше да го повреди фудбалерот кој беше во позиција да даде гол.

https://twitter.com/i/status/1368255499230187526

 

- Оглас -

Најнови вести