Најзгодната фудбалерка се пожали: „Не е фер моето момче да заработува 100.000 пати повеќе од мене“

Репрезентативката на Швајцарија, Алиша Леман, летово заедно со своето момче, Даглас Луис, потпишаа за екипата на Јувентус. Претходно двајцата беа дел од Астон вила, а „старата дама“ за нивните услуги плати 50 милиони евра за фудбалерот, а само 50.000 евра за фудбалерката.

Даглас Луис потпиша договор до 2029-тата, а Леман до 2027-мата. Сепак, фудбалерката е незадоволна од платата, бидејќи машките фудбалери заработуваат многу повеќе.

„После тренинзите често разговараме со Даглас дека не е фер. Работиме иста работа, но тој заработува 100.000 пати повеќе од мене. Можеби малку претерувам, но дефинитивно тоа е поентата.“ – вели Алиша Леман.

Алиша Леман и Даглас Коста се заедно од почетокот на годинава, а претходно беа пар и во 2022-рата година.
- Оглас -

Најнови вести