Прекрасна атмосфера има на „Амстердам арената“, но и во пабовите во Амстердам, а за сè да биде како по ноти за познатите симпатизери на Копјаниците, се погрижија фудбалерите.
Со головите на Матајс де Лихт и на Хаким Зијех, Ајакс има предност од 2-0 по првото полувреме или на малку повеќе од 45 минути до крајот на двомечот со Тотенхем резултатот е 3-0.
Вистинска славеничка атмосфера владее во Амстердам, се чека новото финале во Лигата на шампионите, а погледнете како се слават головите во едно од кафулињата во холандскиот град.
https://twitter.com/AFCAjax/status/1126214653128925185