Налетот на Барселона ќе продолжи и во Германија

6021 Ајнтрахт Франкфурт – Барселона (Лига на Европа, 21:00 часот)

Барселона е во одлична форма во завршницата од сезоната и навистина игра на високо ниво. Иако сите очекуваа дека тимот од Каталонија ќе има лоша натпреварувачка година, особено по испаѓањето од Лигата на шампионите, се случи спротивното.

Чави со неколку одлични засилувања и ангажирање на талентите од Ла Масија направи одличен тим кој веќе од наредната сезона ќе биде еден од главните конкуренти за во Лигата на шампионите, а во оваа сезона ќе атакуваат на тирулата во Лигата на Европа.

Одличната форма ќе биде продолжена и во Германија, каде што се очекува победа на Барса најмалку со два гола во мрежата на Ајнтрахт Франкфурт.

Предлог тип: 2&T22+ (2.00)

 

6023 РБ Лајпциг – Аталанта (Лига на Европа, 18:45 часот)

Ќе биде тешко да се прогнозира победникот на оваа средба, па затоа очекуваме голем број погодоци.

Во последните три средби на Лајпциг, во просек паѓаат по четири погодоци, додека Аталанта игра по принципот топло-ладно и на нивните средби може да видиме еден, но и седум погодоци.

Во неделата загубија од Наполи со 3:1, во меч во којшто комотно можевме да видиме седум погодоци. Останува да се надеваме дека овие два тима ќе бидат расположени за погодоци.

Предлог тип: 3+ (1.65)

 

6022 Вест хем – Лион (Лига на Европа, 21:00 часот)

Тимот од Лондон е одлично воден од Дејвид Мојс и претставува вистинска сензација во Премиер лигата. Вест хем се бори за место во Лигата на шампионите ѝ е директен конкурент на тимови како Арсенал, Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Но, и покрај тоа што има шанса да игра во најелитното натпреварување, Чеканите имаат шанса и да се борат за трофеј во Лигата на Европа.

Лион е далеку од наивен противник, но тие имаат лоша сезона во францускиот шампионат каде што се на деветтото место. Јасно е дека во последните осум кола ќе им биде приоритет да соберат што повеќе бодови и да се борат за излез во Европа наредната сезона.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

6869 Бодо/Глимт – Рома (Конференциска лига на Европа, 21:00 часот)

Добро е познато фијаското на Рома коешто се случи на гостувањето кај овој тим во групната фаза. Дебакл од 6:1 за историско понижување на Жозе Мурињо.

Но, ако некој знае да ја пронајде и да ја исправи грешката, тогаш тоа сигурно е Португалецот, кој сега нема да дозволи да се повтори такво нешто.

Четвртфиналната фаза е сосема различна од меч во групата, но и формата на Рома е во нагорна линија. Пет победи во последните седум средби и враќање на атмосферата меѓу играчите, но и меѓу фановите, коишто се надеваат на пласман во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

6707 Олимпик Марсеј – ПАОК (Конференциска лига на Европа, 21:00 часот)

Заспаниот гигант од Велодром конечно игра според очекувањата на фановите. Настапот во Лигата на шампионите преку топ три екипите од Лига 1 во Франција е речиси обезбеден, па затоа Олимпик Марсеј може да си ја проба среќата и во ова натпреварување.

ПАОК ќе се изгуби во „пеколот“ од фановите на францускиот тим, којшто предводен од Дмитри Паје и Аркадиуш Милик ќе си обезбеди мирен реванш во Грција.

Предлог тип: 1&0-3 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести