Наместен бил мечот на кој Србија победи со 8:0

Во 2008 година, младата репрезентација на Србија убедливо со 8:0 ги победи врсниците од Унгарија, во меч од квалификациите за Европското првенство кое се играше во 2009 година. Дури 13 години по тој меч, српските медиуми пренесуваат интересни детали кои ги открива некогашниот унгарски селектор Петер Мархиди.

Стратегот откри дека завршил во полиција поради сомнеж околу регуларноста на мечот одигран на „Омладинскиот стадион“. Сомнежот бил кон фудбалерите на Унгарија. Во тие квалификации, Унгарија дома со 2:1 ја победи Србија, но откако ги загуби шансите за пласман на завршницата, фудбалерите немаа мотив да играат со цела сила на дуелот во Белград.

„Тој меч ми ја сруши кариерата. Бев во полиција и ме испрашуваа. Им кажав сé што знам. На крајот го прашав полицаецот што знаат тие и тогаш ми покажаа папка во која имаше многу материјали. Полицијата знаела сè, а јас ништо“, открива некогашниот унгарски селектор Петер Мархиди за унгарскиот портал „Немзети спорт“, и тоа дури 13 години по тој меч.

Еден од најголемите тогашни таленти во Србија, Гојко Качар, постигна пет гола, двапати од пенал погодуваше Миралем Сулејмани, а еднаш прецизен беше и Немања Пејчиновиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести