Наместени биле два меча од првото коло на Вимблдон?!

Германските медиуми пишуваат дека два натпревари на годинaшниот тениски гренслем Вимблдон се под истрага и дека постои сомнеж дека резултатите се наместени.

Едниот сомнителен меч е од првото коло во машки двојки, кога едниот пар го освои првиот, а ги загуби наредните два сета. Тајмингот на уплатата на големата сума пари е тоа што влева сомнеж дека дублот што водел потоа „намерно“ почнал да игра слабо и го загубил мечот.

Другиот меч е од првото коло во машки сингл, и во тој меч играл германски тенисер. Се наведува дека Германецот не е вмешан во сомнителни игри, туку неговиот противник. Пред крајот на вториот сет, на точен резултат била уплатена сума во десетици илјади евра, имало исти такви уплати и на вкупен број гејмови на мечот, и двете уплати биле добитни.

Во првото коло на Вимблдон играа седуммина Германци, па не се знае кој е сомнителниот меч.

- Оглас -

Најнови вести