Наместо да биде ѕвезда во НФЛ-лигата, се соочува со затворска казна

Младиот 21-годишен Џејлен Картер, кој е двократен државен шампион во американскиот фудбал со својот универзитет Џорџија, наместо да има голема кариера во НФЛ-лигата, се соочува со затворска казна.

Имено, тој учествувал во сообраќајна несреќа во која животот го загубиле две лица, неговиот соиграч од Универзитетот, Девин Вилок, и Чендлер Лекрој, кој бил задолжен за регрутирање на нови играчи. Вилок загинал на лице место, додека Лекрој во болница им подлегната на повредите.

Истрагата на полицијата утврдила дека Картер и Лекрој се тркале со своите автомобили пред судирот.

„Доказите потврдуваат дека двете возила преминувале од една лента од коловозот во друга, а исто така со голема брзина престигнувале други возила“, соопшти државната полиција во Џорџија.

Картер на полицајците им рекол дека не учествувал во трката, а потоа признал дека го возел едниот од двата автомобили. Тој исто така избегал од местото на несреќата и се вратил два часа подоцна.

Поради налогот за апсење, Картер нема да може да им се претстави на скаутите на НФЛ-екипите, но и на драфтот што треба да се одржи кон крајот на идниот месец, на кој експертите предвидуваа дека ќе биде меѓу првите петмина играчи што требаше да бидат избрани.

- Оглас -

Најнови вести