Рафаел Надал нема да оди на операција на стопалото кое го мачи со години, бидејќи постои ризик зафатот да му стави крај на брилијантната кариера.
Неговиот вујко Тони Надал, тврди дека шпанскиот тенисер во блиска иднина нема да се оперира, туку моментално се подготвува за следниот гренслем Вимблдон.
„Кога разговарав со него, ми кажа дека го боли целото тело, но ако постојат и најмали шанси, Рафа ќе се појави на Вимблдон. Доколку го оперира стопалото, можно е да му заврши кариерата бидејќи речиси сигурно нема да може да игра на врвно ниво како сега. Неговиот план засега е да продолжи со подготовките, операцијата ќе почека“, истакна Тони Надал.
Како стојат работите, ќе гледаме нова битка помеѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ за британската гренслем титула. Шпанецот води со 22 титули, а се уште првиот светски рекет има две помалку.