Наместо против Џошуа, Фјури ќе ја комплетира трилогијата против Вајлдер

Борбата против Ентони Џошуа отпадна од комбинација, па Тајсон Фјури се согласи да ја комплетира трилогијата против Дејтон Вајлдер. Двајцата тешкаши потпишаа договор за нова борба која на 24 јули најверојатно ќе се одржи во Лас Вегас  пред 65.000 гледачи.

Фјури првично посакуваше да се бори против сонародникот Џошуа кој ги држи појасите во ИБФ, ВБА и ВБО верзиите, а истите ќе ги брани во борба против Украинецот Олександар Усика, која веројатно ќе се закаже во август.

Контроверзниот „крал на ромите“ против Вајлдер ќе треба да докаже дека не случајно го победи во февруари 2020 година по што го освои ВБЦ појасот, борба која се случи 14 месеци по ремито во Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести