Наместо ракување, поздрав со лакти во младинската Лига на шампиони (видео)

На денешниот меч меѓу екипите на Бенфика и Ливерпул до 18 години, кој се одигра во рамките од младинската Лига на шампиони, играчите и судиите се поздравуваа со лакти пред стартот на средбата. Наместо вообичаеното ракување, се користеа лактите како резултат дека стравот преовладува поради ширењето на Коронавирусот.

Инаку средбата ја доби Бенфика со убедливи 4-1, како казна за недисциплината на Црвените кои мечот го завршија со деветмина играчи на теренот.

- Оглас -

Најнови вести