Наместо славење, Гави го доживеа еден од најнепријатните моменти во кариерата (Видео)

Шпанската фудбалска репрезентација во својата колекција нанижа уште едно злато, тоа од Лигата на нации, а вчера во Мадрид беше прославата. Неколку шпански репрезентативци излегоа пред публиката во „Визинк центарот“ и им се обратија на присутните. Зборуваа Карвахал, Навас, Мората, Фабијан, Алба, а дојде ред и младот Гави да се обрати, но тогаш 18-годишниот тинејџер се соочи со еден од најлошите моменти во кариерата.

Гави го зеде микрофонот за да се обрати со најдобра намера, но на негово изненадување, дел од публиката која беше собрана почна да пее навредливи песни за Барселона и да му свири. Гави збунето ги гледаше и сакаше што е можно да биде пократок, но коректно се заблагодари на сите.

„Добар ден, ќе бидам краток. Би сакал да им се заблагодарам на сите Шпанци и навивачи кои ни дадоа поддршка на овие два меча. Без нив ќе беше невозможно да победиме. Да живее Шпанија“, рече Гави.

https://twitter.com/i/status/1670881199655383064

Гави го сметаат како еден од оние фудбалери кои треба да бидат иднина на Барселона. Со каталонскиот гигант има договор до 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести