Наместо тенис, Цонга и Пер заиграа фудбал на сред поен (Видео)

Француските тенисери Жо-Вилфред Цонга и Беноа Пер направија вистинско шоу за време на мечот кој го играат во Хале, Германија. Се играше вториот сет, кога Пер сервираше, а потоа му се лизна рекетот од рака. Не можејќи како да го врати топчето, Пер реши да го шутне со ногата.

Овој фудбалски предизвик го прифати и Цонга, па на тениски терен започна фудбалско надмудривање. Двајцата тенисери покажаа завидна техника и контрола со нога на малото тениско топче. На крајот, тенискиот дуел го доби Цонга со 6:4, 7:5.

 

- Оглас -

Најнови вести