Наместо во Италија, Ловрен може да заврши во Бундеслигата

Баер Леверкузен доби прилика да преговара околу услугите на дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен. Најавениот трансфер на Хрватот во редовите на Рома пропадна, но се појави интерес од бунделигашот, кој му нуди излез на фудбалерот кој отпадна од преден план кај менаџерот Јирген Клоп.

Како што тврдат германските медиуми, Фармацевтите понудиле три милиони евра за едногодишна позајмица на Ловрен, а потоа да доплатат уште 12 милиони евра, слично колку што претходно понуди и Римската волчица.

Леверкузен е сериозен во својата намера и веќе почна да ослободува место за Ловрен, бидејќи неговиот сонародник и репрезентативен колега Тин Једвај е на пат кон Аугсбург.

 

- Оглас -

Најнови вести