Наместо да му се придружи на Салах со 100 јубилејни гола, Мане промаши во стилот на Вернер (видео)

Победата на Ливерпул од 3-0 на гостувањето кај Лидс беше засенета од страотната повреда на младиот Харви Елиот, а исто така беа занемарени и многуте промашувања на Садио Мане, како и големата утка во 26-тата минута.

Наместо да зголеми на 2-0, Мане промаши празен гол од непосредна близина. Во финишот се оддолжи поставувајќи го конечниот резултат, па го забележа 99-тиот гол во дресот на Црвените во сите натпреварувања. Да го погодеше зицерот, Мане ќе му се придружеше на Салах во прославата на јубилејни 100 погодоци кои Египќанецот ги забележа во англиското првенство.

Салах од 100-те гола во Премиер лигата, 98 му се за Црвените, два за Челзи, а во дресот на гигантот од „Енфилд“ брои вкупно 128 гола во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести