Откако испадна од квалификациите за Лигата на шампионите, екипата на тетовска Шкендија продолжува во втората рунда од квалификациите во Лигата ан Европа, и тоа во оној таканаречен шампионски пат во којшто играат само тимови кои испаднале од квалификациите за ЛШ.
Вечерва македонскиот првак го дозна својот ривал, а тоа ќе биде Дуделанж од Луксембург, кој испадна во квалификациите за ЛШ од Валета од Малта. Првиот меч заврши 2-2, а вечерва на Малта во драматична 101-минутна битка беше 1-1, па Валета оди понатаму поради гол повеќе на гости.
На првиот меч на 25 јули, Шкендија ќе биде домаќин, а потоа на 1 август, тетовци ќе имаат улога на гости во Луксембург.
Во второто квалификациско коло за ЛЕ може да игра уште некој македонски клуб, доколку Шкупи, Македонија Ѓорче Петров или Академија Пандев ги минат своите први пречки.