Нандо Де Коло е рекордер во Евролигата, го мина легендарниот Никос Галис (Фото)

Францускиот ас Нандо Де Коло со вкупно 14 поени на полувремето на мечот меѓу Лион и Виртус Болоња стана најдобар поентер во историјата на Евролигата.

Де Коло, кој сега има 4.916 поени го мина легендарниот Никос Галис, кој долго време беше на врвот со постигнати 4.904 поени.

https://twitter.com/chrisalucard/status/1621621083370569731?s=20&t=zrLs2qusDqHkw_xlLtkQDw

Сега како што стојат работите Де Коло долго ќе биде лидер во Евролигата, бидејќи зад него се Галис, Спанулис, Бодирога и Наваро, квартет кошаркари што не се активни.

- Оглас -

Најнови вести