Нани го откри неверојатниот план на Роналдо: Сака да игра на мундијал и на 45 години

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, не планира да се повлече и ја продолжува својата играчка кариера во Саудиска Арабија и на 39 години, откако веќе две години игра за Ал-Наср. Но, крајот не е ниту блиску.


Роналдо има амбиции да учествува и на Светското првенство 2030 година, кога ќе има 45 години. Оваа информација ја потврди неговиот долгогодишен соиграч Нани, кој неодамна го заврши своето играчко патување.

„Роналдо не само што ќе се обиде да игра на ова далечно Светско првенство, туку исто така планира да се подготви физички со специјална исхрана и тренинг, со цел да биде во форма за најголемиот спортски настан“, изјави Нани.

Неговиот голем пријател верува дека Роналдо ќе ги исполни сите услови и дека ќе биде дел од португалската репрезентација во 2030 година, можеби дури и да игра финале на „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид.

Роналдо дебитираше на мундијалите уште во 2006 година и оттогаш не пропуштил ниту еден настап на најголемиот светски фудбалски турнир. Сега, со новата цел да игра на Светското првенство во 2030 година, продолжува да ги поместува границите на својата издржливост и фудбалска величина.

- Оглас -

Најнови вести