Португалската фудбалска ѕвезда, Луис Нани, потпиша договор со австралискиот клуб Мелбурн виктори.
Нани кој е еден од големото португалско трио играчи родени во 1985/86, заедно со Кристијано Роналдо и Рикардо Кварешма, минатата полусезона играше за Венеција.
Најголемите клупски успеси Нани ги имаше во периодот од 2007 до 2015 кога со Манчестер јунајтед освои четири титули во Премиерлигата, а еднаш и Лигата на шампионите, додека во 2016 стана европски првак со Португалија.
Кариерата му е во надолна линија и при крај, па реши да се испроба на австралискиот континент.
Во Мелбурн виктори игра и дефанзивецот Метју Божиновски кој е член на младинската репрезентација на Македонија, а една од најголемите легенди на Виктори во последните 15-тина години е бекот Даниел Георгиевски, кој имаше 22 настапи за сениорската селекција на Македонија во периодот од 2011 до 2015 година.
Дебито на Нани за Мелбурн ќе биде на 15-ти јули, на пријателскиот меч против Манчестер јунајтед.