Нани не заигра во македонското првенство, но затоа блесна во Португалија (Видео)

Некогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Нани, веќе неколку години игра надвор од врвното ниво, но знае да блесне и да покаже зошто беше меѓу најдобрите. Поранешниот португалски репрезентативец се врати во родната земја и сега игра за тимот на Амадора во португалското првенство.

На синоќешниот дуел против Боависта, Нани, кој има 37 години, даде прекрасен гол, со кој израмни на 1:1. Прифати една топка надвор од шеснаесетникот, убаво се ослободи од противничките играчи и шутираше прецизно во мрежата на гостите.

На крајот, Амадора и Боависта одиграа 2:2, па тимот на Нани остана само еден од двата коишто немаа ниту една победа по пет кола. Амадора е на претпоследното место на табелата само со два бода и единствено Фаренсе, кој нема ниту еден бод, е зад нив.

Во летниот преоден рок, Нани беше цел на македонскиот прволигаш Гостивар, но Португалецот реши да се врати во Португалија, а сега покажа дека уште има адути со кои може да ги израдува фановите.

https://twitter.com/i/status/1835781355843564023

- Оглас -

Најнови вести