26.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Нант си ги бара парите од трансферот на Сала

Нант побара од Кардиф да им биде исплатена целосната сума од трансферот на Емилијано Сала, исчезнатиот фудбалер за кого се трага од 22-ри јануари по авионската несреќа над каналот Ла Манш. Двете страни биле договорени на 17 милиони евра, кои треба да се исплаќаат на рати во следните три години, а велшкиот клуб го пропушти првиот рок за исплата.

Иако Сала не успеа да дебитира за „сините птици“, кој требаше да биде рекордно засилување на Кардиф, сепак, францускиот клуб бара од нив да ги подмират сметките бидејќи трансферот веќе бил писмено реализиран.

Наводно од таборот на Кардиф го чекаат крајниот епилог од оваа несреќа, а дури потоа ќе почнат со исплата на сумата за која се обврзани. Пред два дена беше пронајден авионот со кој Сала и пилотот патуваа, но не стигнаа до Кардиф. Во каналот Ла Манш, покрај авионот е пронајдено тело, но засега не е идентификувано.

- Оглас -

Најнови вести