27.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Нападнат навивачот кој вети дека нема да се шиша додека Јунајтед не врзе пет победи по ред (Видео)

Навивачот кој вети дека нема да се потстрижува додека Манчестер јунајтед не врзе пет победи по ред беше физички нападнат во саботата, на мечот против Челзи. Друг навивач на Црвените ѓаволи му се доближил, а потоа започнал и да го тегне за косата обвинувајќи го дека тој не е вистински навивач и дека со предизвикот си прави бизнис.

Франк Илет последен пат се потшишал на петти октомври минатата година и оттогаш се поминати точно 351 ден. Иако беше нападнат, тој со ведар дух се им обрати на навивачите на Манчестер јунајтед по победата над Челзи.

„Насмевките се тука. Голема победа, каква луда завршница. Една победа е тука, уште четири до целта. Напред Јунајтед“, напиша Илет.

- Оглас -

Најнови вести