Тројца фудбалери на Олимпик Марсеј биле жртви на обид за кражба на автомобил во раните утрински часови, кога се враќале од гостувањето кај Ле Авр (1:2) во последното коло во Лига 1, и врз нив биле истрелани неколку куршуми.
Жан Онана, Фарис Мумбања и Бамо Меите биле во колоната возила кои оделе кон тренинг-центарот на Олимпик Марсеј, кога станале цел на криминалци, кои, според француските медиуми, сакале да ги украдат нивните автомобили.
Кон автомобилот во којшто биле фудбалерите биле истрелани неколку куршуми и, за среќа, никој од нив не е повреден во нападот.