Напаѓачкото трио Лионел Меси, Луис Суарес и Антоан Гриезман одлично функционира, иако за францускиот голгетер ова е прва сезона на „Камп ноу“. Во досегашните 18 меча во Примера, Барселона е убедливо најефикасен тим и досега има вкупно 47 погодоци.
Најголем дел од овие голови е токму на триото Меси-Суарес-Гриезман. Меси е прв стрелец во лигата со 13 голови, Суарес има еден помалку, а Гриезман е на бројката од седум погодоци. Тоа значи дека триото вкупно има 32 голови во првенството.
Колку за споредба, најголемиот ривал на Барселона во првенството, Реал Мадрид, во досегашните 18 меча има постигнато 33 голови. Тоа значи дека целиот тим на Кралевите има само еден гол повеќе од триото на Барселона. Од сите останати клубови во Примера, само уште Реал Сосиедад (32) и Влјареал (31) ја имаат надминато границата од 30 погодоци.