Португалскиот репрезентативец и член на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, е последно големо фудбалско име кое се поврзува со трансфер во Саудиска Арабија.
Феликс кој минатата сезона ја помина на позајмица во Челси, е мета на Ал-Хилал и постои реалма можност да се пресели во Саудиска Арабија.
Напаѓачот е свесен дека не може да ја реализира големата желба, да потпише за Барселона поради финансиските проблеми на шпанскиот шампион, но не сака да остане во Атлетико Мадрид поради лошите односи со тренерот Диего Симеоне.
Португалскиот спортски весник „О Жого“, пишува дека шансите Феликс да заврши во Ал-Хилал, се повеќе од реални бидејќи тренер на саудискиот тим е Португалецот Жорге Жесус, со кого соработуваше во Бенфика.
Атлетико е подготвен да го продаде Феликс за 50 милиони евра иако за него на Бенфика и плати 127 милиони евра.