Раководството на Милан е во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона, а се чини дека изборот падна на Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед. Фудбалерот блескаше во Серија А, во дресот на Аталанта, па пред две години направи трансфер на „Олд Трафорд“ за сума од 77,8 милиони евра.
Сепак, Данецот не се снајде баш најдобро во Премиер лигата, па Манчестер јунајтед воопшто би немал ништо против да го продаде. Неговата вредност во моментов е далеку помала од онаа за која беше купен и изнесува „само“ 35 милиони евра, па тоа и го прави интересен за челниците на Милан.
Проблем може да претставува изјавата на Хојлунд, кој рече дека нема намера да си замине од „Олд Трафорд“ и планира да се бори за место во екипата на Рубен Аморим. Данецот има договор до 2028 година, со можност да биде продолжен на уште една сезона.