Напаѓачот на Јувентус и на репрезентацијата на Србија, Душан Влаховиќ, во летниот преоден рок би можело да ја напушти Старата дама и да се пресели во Реал Мадрид, објави ЕСПН.
Шпекулациите околу евентуалниот трансфер на Влаховиќ на „Сантијаго Бернабеу“ се појавија во последните денови од зимскиот преоден рок, но не испадна ништо од тоа и сега ЕСПН пишува дека трансферот би можело да се случи налето.
Во прилог на Реал Мадрид му оди и тоа што Јуветус беше казнет со одземање 15 бода од страна на Фудбалската федерација на Италија и доколку екипата не успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, тогаш на крајот од сезоната ќе се случи масовен егзодус и заминување на голем број фудбалери, а меѓу нив треба да биде и Влаховиќ.
Влаховиќ на „Сантијаго Бернабеу“ би пристигнал како замена за Карим Бензема, кој сезонава има големи проблеми со повредите.
Доколку не успее да се договори со Јувентус, Реал Мадрид има резервен план, а тоа и фудбалерот на Тотенхем, Ришарлисон.