Напаѓачот на Јувентус, Аркадјуш Милик, летово правеше операција на менискусот, откако се повреди на мечот од Европското првенство против Украина. Полскиот репрезентативец се очекуваше наскоро да се врати на фудбалските терени, но последните информации се дека операцијата не е успешна, па тој ќе мора уште еднаш да прави хируршки зафат.
Милик во Јувентус дојде до 2022 година и во 75 натпревари за Старата дама успеа да постигне 17 гола.