Напаѓачот на Нотингам форест се наоѓа во индуцирана кома по итната операција

Напаѓачот на Нотингам форест, Таиво Авонији, се наоѓа во индуцирана кома откако во животозагрозувачка состојба е пренесен во болница со повреда на абдоменот. Фудбалерот на мечот против Лестер во обид да постигне гол заврши во рамката од голот. Иако кратко откако му беше укажана помош, се врати на теренот, сепак не можеше да го продолжи натпреварот.

Веќе наредниот ден е утврдено дека има сериозна повреда на абдоменот и итно е хоспитализиран.

Авонији во 2022 година се пресели од Унион Берлин во Нотингам форест, а Шумарите иако најверојатно ќе останат без учество во Лигата на шампионите, сепак речиси по 30 години се враќаат на европската сцена.

- Оглас -

Најнови вести