Напаѓачот од 95 милиони евра на ПСЖ уште зимава се сели во Тотенхем?

Рандал Коло Муани пред само 16 месеци направи сензационален трансфер од Ајнтрахт Франкфурт во ПСЖ за неверојатни 95 милиони евра, но сега е на излезна врата и пред трансфер во Премиер лигата.

Стручниот штаб на „светците“ не е задоволен од играта која ја прикажува и сака по секоја цена да се ослободи од него и тоа за далеку помала сума од онаа која ја платија. Интерес за неговите услуги има од Тотенхем, од каде сакаат да го ангажираат уште зимава, а ПСЖ е расположен да го пушти и како позајмен до крајот на сезоната.

ПСЖ за позајмица бара четири милиони евра и екипата која ќе го ангажира комплетно да ја преземе неговата плата, а налето може да го ослободи за 20 милиони евра. Иако ќе бидат во загуба од неверојатни 70 милиони евра, сепак целта е да се направи простор во буџетот за нови фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести