Напаѓачот на Фиорентина, Мбала Нзола, сигурно нема по добро да го памети стартот на 2024 година, барем на професионален план. Нзола беше повикан да биде дел од репрезентацијата на Ангола и да настапува на Африканскиот куп на нациите, но тој реши да не му помогне на националниот состав.
Нзола одлучи дека треба да се фокусира на клупскиот настап и остана во Италија за да ѝ помогне на Фиорентина во неколку значајни мечеви. Сепак, работите не одеа како што посакува голгетерот.
Фиорентина беше елиминирана од Суперкупот на Италија, кога загуби од Наполи, а потоа загуби дома од Интер на свој терен за да потоа освои само еден бод во дуелот со Удинезе.
За разлика од неговиот клуб, селекцијата на Ангола, за која одби да игра на Африканскиот куп на нациите, блеска на континенталниот собир. Ангола е најпријатното изненадување кое се пласира во четвртфиналето.
Во групната фаза, Ангола имаше две победи и едно реми, елиминирајќи ги фаворизираните Алжир и Буркина Фасо, а потоа во осминафиналето ја победи и Намибија. Ангола за првпат во последните 14 години се пласира во четвртфиналето на АКН, а нивниот денешен ривал е Нигерија. Популарните Супер Орли се фаворити, но Ангола сигурно ќе се обиде да направи уште едно изненадување, додека Нзола најверојатно на телевизија ќе го следи настапот на неговата репрезентација за која одби да игра на овој турнир.
🇦🇴 Mbala Nzola rejected a call up for the AFCON to focus on his club side, only for Angola to make the Quarterfinals for the first time in 14 years. #AFCON2023 pic.twitter.com/wTIFkaCD64
— Owuraku Ampofo (@_owurakuampofo) January 27, 2024