20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Наполи го победи Милан на „Сан Сиро“ и ги потврди шампионските амбиции (Видео)

Наполи со 2:1 славеше на гости кај актуелниот првак Милан, во дербито од седмото коло во Серија А. Со оваа победа Наполи се врати на чело на табелата во италијанското првенство, во 17 бода, колку што има и Аталанта, додека Удинезе е трет со 16 бодови. Милан остана на 14 бодови колку што има и Лацио.

Возбудувањата на „Сан Сиро“ запчнаа во второто полувреме кога во 55 минута славиот судија мораше да гледа ВАР снимка за да досуди пенал за Наполи по кој Политано погоди за радост на гостите.

Милан брзо се врати во игра кога Жиру погоди за 1:1 во 69 минута, но тоа не ги обезхрабри гостите.

https://twitter.com/i/status/1571594568658731008

Наполи продолжи да напаѓа, па во 78 минута Симеоне одлично реагираше со глава и по втор пат го матираше голманот на Милан, момент кој се покажа како клучен за победа на гостите.

- Оглас -

Најнови вести