Брентфорд – Лидс (18.15 часот)
Лидс веќе не е во ситуација да размислува за поинаков исход освен победа. Брентфорд нема шанси да се пласира во баражот за Премиер лигата, но е многу незгодна екипа, особено кога игра на домашен терен.
На „Грифин парк“ досега во меч од Шампионат лигата Лидс нема победа, но денеска Џани Алиоски и соиграчите мораат во офанзива и во атак на бодовите. Лидс ќе победи и ќе ја продолжи мртвата трка со Шефилд јунајтед за директен пласман во најсилната англиска лига.
Предлог тип: 2 (2.00)
Наполи – Аталанта (19 часот)
Наполи е сигурен на втората позиција, па ова за нив е меч без преголемо резултатско значење. Сосема спротивно е за гостите од Бергамо кои бркаат пласман во Лигата на шампионите и ќе мораат да нападнат на „Сан Паоло“.
Во меч од Купот на Италија, Аталанта успеа да го победи Наполи на гостински терен, а и вечерва ќе бидат многу помотивирани од ривалот, чии играчи веќе можат да мислат и на одмор.
Очекуваме ефикасен меч и можеби и изненадување во режија на гостите.
Предлог тип: T1 1+I & Т1 2+ (2.35)
Волфсбург – Ајнтрахт (20.30 часот)
Ајнтрахт нема многу успеси во меѓусебните средби со „волците“ од Волфсбург, но сега е во одлична ситуација на два фронта. Во Бундеслигата се на четвртата позиција, што гарантира настап во Лигата на шампионите, а до луксузното натпреварување можат да стигнат и со титула во Лигата на Европа, а таму веќе се во полуфиналето.
Заморот и повредите се најголемиот противник на „орлите“ од Франкфурт, но туркаат и тоа многу успешно. Волфсбург има солидна и многу незгодна екипа, која може да му се спротивстави на секој тим во Бундеслигата.
И Волфсбург се надева на европски настап, а со триумф денеска ќе ја продолжат битката за Лигата на Европа. Сепак, Ајнхтрахт во моментов е подобар тим, има поголем мотив за победа, а може и да ги искористи и големите проблеми на домаќините со повредени играчи.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.30)
Челзи – Барнли (21 часот)
Интересна сезона има Барнли, тим што на почетокот го плати данокот на играњето во Европа по половина век, па тргна многу лошо во Премиер лигата.
Барнли се мачеше и со повреди на клучните напаѓачи на почетокот, па се чинеше дека е сериозен кандидат за испаѓање, но успеа да се консолидира и е на прагот да обебзеди опстанок. Барнс и Вуд се вратија навреме и со по 10 гола тие се движечката сила на Барнли.
Челзи има солидна сезона, ќе има шанса да го освои пехарот во Лигата на Европа, а и во Премиер лигата атакува на позиција што води во ЛШ.
Маурицио Сари не успева докрај да ја наметне својата фудбалска филозофија и што е најлошо, не е омилен кај навивачите, па ќе мора да обезбеди настап во ЛШ за да се надева на евентуален опстанок како кормилар на тимот. Челзи е фаворит, му требаат бодови за пробив на табелата и е голем фаворит денеска.
Предлог тип: 1&2-4 голови (2.05)
Бенфика – Маритимо (21.15 часот)
Бенфика и Порто ја продолжуваат мртвата трка за титулата, па во ситуација кога можат и да завршат со еднаков број бодови, ќе одлучуваат нијанси за трофејот.
„Орлите“ од Лисабон се депримирани по елиминацијата во Лигата на Европа, но веќе денеска мораат да се издигнат од неуспехот и да го победат негзодниот Маритимо.
Домаќините имаат извонреден биланс против Маритимо и се во серија од 12 победи во Лисабон кога им гостувал денешниот ривал. Очекуваме и тринаесетка вечерва на „Луж“.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.71)