Поправен испит за шампионот на Швајцарија

Ксамакс – Јанг Бојс (Швајцарија, 16 часот)

Шампионот на Швајцарија имаше неочекуван кикс на стартот од новата сезона во Швајцарија и не успеа да го победи новиот прволигаш Сервет, па ќе има поправен испит во Нојшатл, против Ксамакс.

Поранешниот играч на Јанг Бојс, Рафаел Нуцоло беше исклучително расположен во првото коло, постигна два гола за Ксамакс против Тун, но гостите прокоцкаа два гола предност и одиграа нерешено, 2:2.

Ксамакс приреди вистински подвиг во бараж двомечот со Арау за опстанок во Првата лига и по поразот на домашен терен со 0:4, возврати со ист резултат во реваншот и потоа на пенали успеа да ја продолжи прволигашката виза.

Годинава амбициите на клубот чиј тренер е познатиот поранешен швајцарски репрезентативец Мањин се многу поголеми, но Јанг Бојс има подобар тим и е фаворит за прва победа во новиот шампионат.

Предлог тип: 2&ГГ (2.90) Квота на денот на Sport Life

 

ЦСКА Москва – Локомотив Москва (Русија, 18 часот)

Дербито на Москва секогаше носи дополнителна мотивација за победа во дуел на две екипи што имаат шампионски амбиции. Армејците немаат победа против Локомотив од 2017 година, а најчесто во последно време меѓусебните дуели завршуваа нерешено.

Проблем за Гоначаренко е што се уште не моѓе да смета на двајцата руски репрезентативци Џагоев и Шеников, но ЦСКА има квалитетен состав за највисоки дострели.

И условно кажано гостите имаат проблеми, веројатно нема да игра Џеферсон Фарфан, па за голови ќе биде задолжен Португалецот Едер.

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.20) Квота на денот на Sport Life

 

Ливерпул – Наполи (Пријателски меч, 18 часот)

Елиф Елмас со нетрпение го чека дуелот со Ливерпул, кој е актуелен европски првак, што е особено голем предизвик за момче од 19 години. Нашиот репрезентативец веријатно по вторпат ќе има минутажа во дресот на Наполи, откако одигра дел од пријателскиот меч со Кремонезе, веднаш истиот ден кога го потшиша и петгодишниот договор со вицешампионот на Италија.

Премиерлигата почнува порано од Серија А, па и Ливерпул ќе има предност денеска во Единбург, бидејќи играчите на европскиот првак се понапред со физичката подготовка од ривалите од Неапол.

Лани Наполи и Ливерпул играа во иста група во Лигата на шампионите и забележаа по една победа на домашен терен со по 1:0. Вечерва очекуваме многу поголема ефикасност, се работи за пријателски меч, па ќе типуваме на голови

Предлог тип: ГГ&3+ (1.62)

 

Спортинг – Валенсија (Пријателски меч, 20 часот)

Во Лисабон традиционално Спортинг го игра последниот тест меч пред стартот на новата сезона за пехарот „Пет Виолини“ во чест најголемите легенди на клубот.

Неизвесен е настапот на Стефан Ристовски за домаќините, бидејќи македонскиот репрезентативец тренира под посебен режим за да биде подготвен за настап на Суперкупот на Португалија против Бенфика на 4. август.

Валенсија досега двапати играла против Спортинг, во 2017 година и двапати победи со 3:0. Популарните „Лилјаци“ се фаворити и денеска на „Алваладе“ во Лисабин и ќе типуваме двојка.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

Милан – Бенфика (Интернационален куп на шампиони, 21 часот)

Во Фоксборо, Масачусетс Бенфика има шанса со триумф против Милан да го заврши настапот на Интернационалниот куп на шампионите со максимален учинок од три победи и на врвот на табелата. Само Манчестер јунајтед во таков случај би можел да се израмни со нив, ако го победи Милан во последната рунда натпревари на турнирот со 12 екипи.

Бенфика одлично ја почна пост-ерата без големиот фудбалски бисер Жоао Феликс и ги победи Гвадалахара со 3:0 и Фиорентина со 2:1. Популарните „орли“ се неисцрпен извор на таленти, а еден од адутите е 22-годишниот Рубен Дијас за кого се интересираат европските гиганти.

Во нападот пристигна Раул Де Томас од Рајо Валјекано и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување.

Милан го загуби првиот меч на купот против Баерн, но го доби младиот Даниел Малдини. Синот на легендата Паоло Малдини има само 17 години, а одигра одлично против Баварците и најави блескава кариера. Бенфика е за чекор понапред во подготовките од Милан и е фаворит, но ќе одиграме на голови што се често карактеристика на пријателските дуели.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.90) Квота на денот на Sport Life

 

 

- Оглас -

Најнови вести