Наполи ако ја доврши работата, Италија за првпат по 17 години ќе има три четвртфиналисти

Италијанската Серија А за првпат по 2006 година би можела да има три свои претставници во четвртфинале од една сезона во Лигата на шампионите.

Милан и Интер веќе се меѓу осумте најдобри, а вечерва тоа треба да го направи и Наполи, па Италија по 17 години повторно да има три тима во оваа фаза од најсилното клупско натпреварување во Европа.

„Враќањето“ на италијанскиот клупски фудбал во врвот го потврди и тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

„Две години играв и живеев во Италија, имам многу пријатели таму. Мило ми е што италијанските тимови стигнуваат далеку. Милан се враќа, а Наполи во моментов е најдобар тим во Европа“, рече Гвардиола.

На ждрепката за четвртфиналето која ќе се изврши в петок нема да има никакви ограничувања, па можно е градско дерби Интер – Милан.

- Оглас -

Најнови вести