Актуелниот шампион Наполи, одамна се прости од шансите да ја одбрани титулата во Серија А, а со лошите изданија може да остане и без пласман во Лигата на шампионите идната сезона.
Фудбалерите на Наполи на „Диего Марадона“ стадионот одиграа само 1:1 против Џенова и повторно ги разочараа своите навивачи.
По 24 кола, Наполи се наоѓа на деветтото место на табелата со 36 освоени бодови, додека четвртата Аталанта има шест бода повеќе и натпревар помалку. Наполи зад лидерот Интер заостанува дури 27 бода на 14 кола до крајот на сезоната.
Малку фалеше Наполи да остане и без еден бод, бидејќи голот за 1:1 го постигна Нгонге во 90-тата минута. Претходно, Џенова, на стартот од второто полувреме поведе со голот на Френдруп.