11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Наполи до Горан Пандев: Ти благодариме за подарените емоции! (Видео)

По официјалното простување на Горан Пандев како активен фудбалер, денеска благодарница до македонската фудбалска легенда испратија и од Наполи, клубот чиј дрес струмичанецот го носеше од 2011 до 2014 година.

Пандев за Наполи даде 22 гола, а имаше и 24 асистенции на 124 настапи. За тие три сезони, Пандев со Наполи двапати го освојуваше Купот на Италија.

„Ти благодариме за емоциите кои ни ги подари“, порачаа Наполитанците и споделија видео со најубавите моменти на македонската легенда во дресот на нивниот клуб.

- Оглас -

Најнови вести