Наполи дома доби лекција од Фиорентина, Елмас остана „закован“ за клупата

Италијанскиот првак Наполи го претрпе вториот пораз во четвртиот меч на домашен терен во домашното првенство. Фиорентина одигра фантастичен меч и победи со 3:1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Само по седум минути игра, Брекало погоди за предност на Фиорентина, а Виктор Осимен со погодок од пенал израмни на 1:1 во последните моменти од првиот дел.

Кога се очекуваше Наполи да нападне во второто полувреме и да направи целосен пресврт, се случи спротивното. Фиорентина повторно поведе со голот Бонавентура во 63-тата минута.

Наполи направи четири измени до 77-мата минута, но меѓу оние кои влегоа на теренот го немаше Елиф Елмас, кој остана на клупата за резерви. Елмас во последните шест средби има одиграно вкупно 70 минути за Наполи.

Во финишот на средбата, Фиорентина постигна и трет гол и Виолетовите ги освоија трите бода од гостувањето кај шампионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести