32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Наполи држи ритам со Јувентус

Наполи го победи Лацио благодарение на подобрата игра во првото полувреме и остана во битка за титулата во Серија А, со Јувентус.

На „Сан Паоло“ домашната екипа славеше со 2-1, а одлуката падна во првото полувреме, и тоа во кус период од три минути. Калјехон погоди во 34-тата минута, а Милик со извонреден гол од слободен удар ја удвои предноста на Наполи.

Во продолжението Имобиле постигна почесен гол за Лацио, но веднаш потоа беше исклучен Ачерби, па гостите немаа сили да стигнат барем до еден бод.

Наполи по 20 одиграни натпревари, има 47 бодови на втората позиција во Серија А. Јувентус е лидер со шест бодови повеќе и еден меч помалку. Лацио е петти со 32 бода.

- Оглас -

Најнови вести