Наполи е блиску до договор со Милан за фудбалерот од средниот ред

Раководствата на Наполи и Милан се блиску до договор за трансферот на фудбалерот од средниот ред, Јунус Муса, од Милано во Неапол. Шампионот на Италија се очекува да плати околу 25 милиони евра за ангажманот на репрезентативецот на САД, а Антонио Конте инсистира трансферот да биде реализиран што е можно побрзо.

Муса пристигна во Милан пред две години од Валенсија за сума од 21,2 милиони евра, а претходно беше дел од академијата на Арсенал, од каде што бесплатно се пресели во редовите на Лилјаците.

Муса веќе ги договорил личните услови со Наполи и ќе заработува по 2,4 милиони евра годишно. Американецот за Милан одигра 40 натпревари минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести